СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Ова се цените по кои од денеска ќе се продаваат нафтените деривати

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од денеска ќе се продаваат за цена повисок за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е зголемена за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 37,719 ден/кг.

 

Од ноќеска од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 37,719 (денари/килограм).

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content