СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Речиси сите земјоделци од Кочанско аплицирале за субвенции

Околу 95 отсто од регистрираните земјоделски производители во кочанскиот регион поднеле барање за добивање субвенции од програмата за директни плаќања во 2021 година на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Рокот за аплицирање, што беше продолжен до крајот на јуни, им овозможил на 2.663 земјоделци да ја достават потребната документација до Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

Интересот на земјоделските производители беше навистина голем, па и покрај тоа што поради пандемијата работевме со намален капацитет, успеавме да одговориме на нивните барања. Аплицирањето почна на 5 април и првично траеше до 31 мaj, па беше продолжено до 30 јуни Дополнителниот рок за пријавување ни ја олесни работата, а истовремено на земјоделците од трите општини – Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци им помогна да ги комплетираат своите апликации и да ги достават во нашите канцеларии, истакна Горан Миладинов, раководител на подрачната единица за земјоделство во Кочани.

 

Дел од земјоделските производители ги доставиле барањата за субвенции по електронски пат, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, но и тие се вклучени во вкупниот број на евидентирани подносители од регионот. Најголем број од поднесените барања за директни плаќања во земјоделството се однесуваат за субвенционирање на оризопроизводството.

Оваа година предвидени се околу 80 милиони евра наменети за субвенции на земјоделците од целата држава.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
error: Содржината е заштитена !!
Skip to content