Протест поради загадувањето на изворот за вода Леково во прилепско

106

Поради загадување на изворот за вода Леково жители од викенд населбата околу вештачкото езеро втор пат на протест со блокада на патот од Прилеп до рудникот Сивец. Бараат надлежното министерство да му ја одземе концесија на еден од неколкуте рудници за мермер. Ова поради неговата близината до изворот и поради тоа што при негова експлатацијата се загадувала водата тврдат жителите од ова населба.

Леково со издашност од 10 до 12 литри вода во секунда е еден од четирите извори кои пред изградгбата на регионалниот водовод Студенчица бил многу битни во снабдувањето со вода на Прилеп и сега тој се користи за потребите на градскиот водовод. Но, за разлика од корисниците на водата од населбата околу вештачкото езеро пред да се дистрибуира во градскиот водовод, водата минува низ посебна прочистителна станица. Надлежните во општината велат дека решеавњето на овој горлив проблем особено спасот на овој извор е во надлежност на Министерството за економија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content