Прилепчанец пријавил дека соседот со пушка му го усмртил кучето
Како што соопштија од МВР:
„На 24.05.2021 околу 21.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ф.В.(47) од с.Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т.(61) од Скопје, кој престојувал во с.Крушејца, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација во атарот на селото.
По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место. Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.