СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Наградени ученици од првиот Божикен конкурс, кој го организираше црквата Св. Петка

Во саботата на Бадник, во дворот на црквата „Св. Петка“, за прв пат во Прилеп и во Македонија, се одржа еден преубав настан, односно финалето на Божикниот награден конкурс за ликовна и литературна творба на тема Рождество Христово, кога беа прогласени наградените учесници на конкурсот. Протоерејот Љупче Петрески изјави дека конкурсот предизвикал неочекувано огромен интерес на кој се пријавиле околу 250 учесници во литературната и ликовната категорија.

-Идејата за Конкурсот произле од желбата, овој „Празник на децата“, зашто Божик е пред се’ Празник на децата, на еден едукативен начин, со нивно активно учество, користејќи ја детската креативност во создавањето на нивните творби, што повеќе да им се доближе на децата, па сите заедно, уште на Бадник, порадосно и посвечено, на овој свечен настан, да го почувствувааат празникот а покрај нив и ние повозрасните, рече в.д. старешината протоерејот Љупче Петрески.

Настанот беше збогатен со присуството на децата од Бадниковата поворка кои испеаја неколку бадникови песни и ги разнежнија чувствата на огромниот број присутни кои целосно го исполнија платото пред храмот. Настанот го отвори дуетот „Reborn of Byzantium“, составен од оперскиот тенор Стефан Неданоски и чтецот Андреј Иваноски кои се претставија со неколку песни а за прв пат ја испеаја својата нова македонска божиќна композиција  „Радувајте се народи сите“

Потоа следеше прогласувањето на победиците а наградените учесници од литературната категорија, пред огромниот број, присутни ги прочитаа нивните творби. Беа доделени 12 богати награди (едукативни атласи, книги, глобуси, штафелаји за сликање, друштвени игри , слатки награди, таблети, слушалки, перници и т.н., и две специјални награди, односно велосипеди.

Жири комисијата ги награди:

Во  ЛИТЕРАТУРНАТА КАТЕГОРИЈА  од I – V одделение

I-во место

НЕНАД РЖАНИКОСКИ IVа одд.

ООУ „Рампо Левката“

Ментор: Наташа Блашкоска

II-ро место

МАКСИМ ИВАНОСКИ Vг одд.

ООУ „Гоце Делчев“

Ментор: одделенски наставник Александра Андоноска

 

III-то место

ДАРИА ЗАЈКОСКА  III-1 одд.

ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Ментор: одделенски наставник Виолета Ристеска

 

VI – IX одделение

I-во место и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА

ЛЕОН ЦВЕТКОСКИ VII-2 одд.

ООУ „Блаже Конески“

II-ро место

ТАДЕЈ ВЕЛЈАНОСКИ VIII одд

ООУ „Кочо Рацин“

Ментор: Габриела Стојаноска-Станоеска

 

III-то место

ЈАНА МАРКОСКА VIб одд.

ООУ „Кочо Рацин“

Ментор: Наташа Кулевска

————————————

Во ЛИКОВНАТА КАТЕГОРИЈА од I – V одделение

I-во место

ДАВИД СИЛЈАНОСКИ  III-1 одд

ООУ „Блаже Конески“

Одделенски наставник: Ана Бошкоска

II-ро место

ГАЛЕНА КРСТЕСКА  II2 одд.

ООУ „Блаже Конески“

Одделенски наставник: Наташа Ристеска

III-то место

ВЕДРАНА КАРЕСКА  I -1 одд

ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Ментор: Сузана Спиркоска

VI – IX одделение

I-во место и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА

АНИКА РИБЕСКА VIа одд.

ООУ „Гоце Делчев“

Наставници: Филип Перески, Елена Димоска Николоска, Методи Исков

II-ро место

НАТАЛИЈА ТОДОРОСКА IX-1 одд.

ООУ „Блаже Конески“

Ментор: Елена Димоска Николоска

III-то место

АТИНА ИВАНОСКА VII-3 одд.

ООУ „Климент Охридски“

Ментор: Александра Богоеска, Елена Димоска Николоска

Покрај наградените, жири комисијата особено ги пофали и:

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИКОВНА КАТЕГОРИЈА

АНАСТАСИЈА ПОПОВСКА IX4 одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ВАСИЛ КАТОВ  VI4 одд., ООУ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“

НИНА САМАРЏИОСКА IX одд., ООУ „КОЧО РАЦИН“

ДАМЈАН БАРАКОСКИ  IV одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ИВА АНГЕЛЕСКА  I одд., ООУ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“

ИНА ТРЕНКОСКА

НИКОЛАЈ БУРНЕСКИ  II одд., ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

АНА ДИМЕСКА 5 ГОДИНИ, ЗА НАЈМЛАД УЧЕСНИК НА КОНКУРСОТ

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИТЕРАТУРНА КАТЕГОРИЈА

СТЕФАН СТОЈЧЕСКИ II одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

СТЕФАН ЦВЕТАНОСКИ III одд., ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ с. МАЛО КОЊАРИ

ИЛИНА НАУМОСКА  IV одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Инаку, планирано е овој Божикен конкурс да се одржува и во наредните години, но поради големиот интерес, може да биде и проширен неговиот формат, односно да имаат право да учествуваат и деца од предшколска возраст, или ученици од средните училишта.

Извор: МаркукулеМК.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content