70 концерти во 70 општини за 70 години постоење на „Пелистерка“

48

Со забава во Скопје каде свој настап имаше Северина беше одбележан стартот на прославата за 70 години од постоењето на Пелистерка. Северина беше и остана заштитно лице на брендот изминатите години при експанзијата на овој македонски бренд регионално.

„Решивме оваа година да направиме заедничка прослава со сите граѓани. Овој македонски бренд покажа сила да издржи на притисоците на пазарот, да се прошири регионално и да ја задржи македонска вредност и автентичност. Денешното обележување на 70 години говори за најголем степен на доверба од потрошувачите и покрај сите предизвици со кои се соочивме како компанија и покрај силната конкуренција. Сепак, со постојано вложување во модернизација, развој и стандардизација на квалитетот, успеавме да ја  зголемиме конкурентната вредност на брендот но и на компанијата и да правиме стратегии за понатамошно проширување“, истакна Цветан Панделески, сопственик на Пелистерка АД.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content