50 години Фестивал на народни песни и инструменти “Пеце Атанасоски” (ФОТО)

299

Со симболично дефиле на 50 гајдаџии од цела Македонија и со учество на над 250 учесници од 5 до 95 години кои го негуваат изворниот македонски фолклор, вчера во Прилеп започна најновото издание на Фестивалот на народни песни и инструменти „Пеце Атанасоски“.

Фестивалот оваа година го прославува својот златен јубилеј, односно 50 години постоење. Традиционално на камената бина на плоштадот “Александрија”, настапија голем број изведувачи од сите краишта на Македонија, а во рамките на јубилејното фестивалско збиднување, се одржа и традиционалниот Симпозиум, како и промоција на Зборник на трудови „Фолклорот во минатото и денес“ и на Монографијата по повод 50-годишно постоење на Фестивалот – „Непресушен извор за навек“.

Годинава, за Програмата и организацијата на јубилејното издание, организаторите од Министерството за култура побарале три милиони денари, но одобрена им била само една третина од побараните средства, заради што нужно било – богатата Програма, за жал, да претрпи извесни кратења.

Денеска фестивалот традиционално продолжува на „Рудина“ во село Долнени. За најуспешните учесници ќе бидат доделени и традиционалните награди. Во изминативе 50 години на Фестивалот учество зеле преку 15.000 фолклористи, како од земјава, така и од странство.

Извор: Маркукуле.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content