40 отсто повисоки плати во јавното здравство бара синдикатот на Клиничкиот центар

0

Од Синдикатот велат дека кандидатот на ДУИ за премиер, Насер Зибери, ветил плата на медицинските сестри од 600 евра, а овие ветувања имале големо и директно влијание на изборниот резултат. Синдикатот на Клинички центар очекува нивна реализација, а како првично покачување на основната плата од 10 отсто во првата година од мандатот на владеачката коалиција.

„Временски ограничениот додаток на плата обезбеден со средства од Светска банка не е зголемување на платите во јавното здравство од пет отсто. Зголемувањето на основната плата во јавното здравство се врши исклучиво од буџетски средства, а се исплатува согласно колективен договор. Знаејќи дека изборите се одвиваа во услови на прогласена пандемија, неисполнувањето на ова очекување ќе значи изборна манипулација на гласачкото тело поврзано со здравството или превидени и потценети економски последици предизвикани од пандемијата со Ковид-19“, истакнуваат од Синдикатот.

 

Потенцираат дека единствен пристап кој може да доведе до намалување на одливот на докторите и медицинските сестри, како и нивно враќање во јавното здравство е соодветното вреднување на нивниот труд и почитување на нивното достоинство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content