35 МИЛИОНИ ЕВРА ПРОФИТ оствариле најпосетуваните македонски маркети

109

Седумте македонски маркети со најголеми приходи и профити (Веропулос, КАМ, Кипер, Стокомак, Кит-го, Рамстор и Тинекс) во 2023 година имаа вкупни приходи од 934,6 милиони евра.

На прво место е KAM, со остварен приход од 268,8 милиони евра. Следуваат Кипер со 175,2 милиони евра и Стокомак со 138,5 милиони евра.

Со приходот од 102,6 милиони евра во 2023 година Верополус го надмина Тинекс, кој оствари вкупен приход од 98,3 милиони евра.

На шесто место е Кит-го, кој минатата година има вкупен приход од 86,9 милиони евра.

Според висината на приходите заостануваат Жито маркети со 69,5 милиони евра на седмо место и Рамстор со 64,3 милиони евра на осмо место.

Но, Жито маркети го нема меѓу најдобрите седум маркети според остварен профит.

На прво место според добивка со години по ред е Веропулос, кој во 2023 година оствари чист профит од 10,3 милиони евра, што е раст од 12,8 насто во споредба со 2022 година.

На втора позиција е КАМ со профит од 7,3 милиони евра, што е значителен раст во однос на 2022 година, кога добивката изнесувала 4,9 милиони евра.

Меѓу трите компании со најголема добивка е и Кипер, со нето-заработка од 5,5 милиони евра.

Следуваат Стокомак со профит од 4,1 милион евра, Кит-го со 3,9 милиони евра, Рамстор со 2,5 милиони евра и Тинекс со 1,4 милиони евра.

Иако Тинекс заостанува зад конкуренцијата според висината на добивката, сепак може да се пофали дека во 2023 година има остварено најголем раст на профитот, од дури 208 насто.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content