СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Завршија подготовките за утрешниот настан „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

Крешимир Крешо – Здравески, организатор на фестивалот „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“ вели дека се е подготвено за утрешниот фестивал на убавината „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“.

Гостите од Србија, Хрватска и Италија пристигнуваат вечерва во градот под Марковите кули, се прават тонските проби на настапите на децата од детскиот хор “Весели Ѕвончиња“, денс студио Њу џенерејшен како и на целата бина, осветлувањето, штандовите и озвучувањето.

Групите и учесниците исто така се подготвени за своите креативни настапи. Фестивалот ќе започнае во 11.00 часот со детско фризерско шоу, потоа следува настапот на тимови од: СОУ Ѓ. Петров насока фризери и козметичари. Веднаш потоа во 12.30 е официјаното отварање на фестивалот, а програмата ќе продолжи со презентација на: Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, Тим Прилеп и тим Македонија. Исто така досега се највени гости од Хрватска, Србија, Албанија и Италија, како и од околните градови и од земјава.
Повелете на добра забава!

Билетите се во продажба на билетарата на ЦК „Марко Цепенков“. Со секоја купена карта се прави донација за изградба на трибини на стадионот со вештачка трева, вели организаторот.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content