35 години јубилеј „Бајага и Инструктори“ – ќе се слави со концерт во Скопје на 13 септември

92

По тој повод вчера Момчило Бајагиќ-Бајага се сретна со новинарите за да ги најави сите детали околу концертот, што воедно е и прв негов концерт од почетокот на пандемијата.

– Ова ќе биде прв концерт на групата по почетокот на пандмијата. Наш план беше овој концерт да го одржиме многу порано, и тоа во затворен простор, но со оглед на околнистите со коцнертот под ведро небо избравме најбезбедна варијанта за сегашните услови. Инаку направивме избор од 22 наши големи хиотови што ќе ги изведеме, односно песните ги избиравме и според тоа како ќе звучат со оркестар, изјави Бајага.

Под диригенство на маестро Војкан Борисављевиќ, 22 од најголемите хитови како „Буѓење раног пролеќа”, „Зажмури”, „Руски воз”, „Откад тебе волим”, ќе прозвучат во сосема нов аранжман што на публиката ќе ѝ понуди едно неповторливо уживање и доживување.

Согласно со протоколите за одржување на јавни настани, публиката на концертот ќе биде редуцирана, во продажба се пуштени 4.000 карти за стадионот на АРМ кој располага со капацитет од 15.000 посетители. Носењето маски ќе биде задолжително, а според програмата концертот ќе трае три часа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content