32 години независност – Државниот врв со пораки за обединување, Мицкоски од Јабланица најави ресетирање на државата

18

8 Септември 1991 година. Првиот претседател  Киро Глигоров ги соопшти резултатите од референдумот на кој  95 проценти од граѓаните, кажаа ДА за самостојна, суверена  и независна Македонија.

Денес првите луѓе на државата повикаа на  обединување на нацијата на патот кон подобар живот на сегашните и идни генерации. Претседателот Стево Пендаровски со невообичаени пораки во своето обраќање и критики за состојбите,  рече дека се уште ја нема онаа Македонија за која гласаа граѓаните пред 32 години. Додаде дека државата во изминатите децении имаше успеси и неуспеси, примерите на злоупотреби ја рушеа довербата во институциите, а цената ја плаќаат: учениците, болните, сиромашните,  младите. Ова е време за нов колективен потфат, а државата има умни и доблесни луѓе со образ кој можат да го обноват духот на македонската Република, рече претседателот  Пендаровски

ОД НАС ДЕНЕС НЕ СЕ БАРА  ИЛИНДЕНСКИОТ ИЛИ ПАРТИЗАНСКИОТ ХЕРОИЗАМ НАСПРОТИ ТИРАНИЈАТА. ОД НАС ДЕНЕС СЕ БАРА ДА ИМАМЕ ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ, ЗАКОНИТЕ ДА ВАЖАТ ПОДЕДНАКВО ЗА СИТЕ, И ОПШТЕСТВЕНИ РЕФОРМИ ОД КОИ БЛАГОДЕТ ЌЕ ВИДАТ ГРАЃАНИТЕ, А, НЕ САМО ОНИЕ КОИ СЕ ПРИВИЛЕГИРАНИ. СМИСЛАТА НА ПОСТОЕЊЕТО НА РЕПУБЛИКАТА Е ДА ГО ОСТВАРИМЕ ЗАЕДНО ОНА ШТО НЕ МОЖЕМЕ ДА ГО ПОСТИГНЕМЕ ЗАСЕБНО ‒ СЛОБОДА, ПРАВДА, ЕКОНОМСКА БЛАГОСОСТОЈБА И СОЖИВОТ. КРАЈНО ВРЕМЕ Е ДА ПОТВРДИМЕ ДЕКА СМЕ СПОСОБНИ И ВО ПРАКТИКА, А НЕ САМО СО ЗБОРОВИ ДА СЕ СПРАВИМЕ СО СЕРИОЗНИТЕ ПРОБЛЕМИ СО КОИ СЕ СООЧУВАМЕ ВО ДОЛГИОТ ТУНЕЛ НА ТРАНЗИЦИЈАТА КОЈА НИКАКО ДА ЈА ЗАВРШИМЕ, РЕЧЕ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ. 

Премиерот Ковачевски во своето обраќање зборуваше само за успесите, рече дека овој 8 Септември го дочекуваме во напредна држава, членка на НАТО и реални перспективи за членство во ЕУ.   Живееме во држава со осигурани територијални граници, признанен македонски  јазик и македонски идентитет.   Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување за подобар живот, рече Ковачевски

 -АКО НЕКОГАШ БИЛО ВИСТИНСКОТО ВРЕМЕ: ДА ГО ОБЕЗБЕДИМЕ ЖИВОТНИОТ СТАНДАРД ШТО ГО ПОСАКУВАМЕ, КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ ШТО ГО ЗАСЛУЖУВААТ НАШИТЕ МЛАДИ, ДА ЖИВЕЕМЕ ВО ЗЕМЈА ВО КОЈАШТО ВЛАДЕЕ ФУНКЦИОНАЛНО ПРАВО, ВО ЕКОЛОШКИ ЧИСТА, ЗЕЛЕНА СРЕДИНА, ЕНЕРГЕТСКИ НЕЗАВИСНА ДРЖАВА, СО КОНКУРЕТНО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, СО ШАНСИ ЗА ПРИСТАП ДО ЕВРОПСКИОТ ПАЗАР ОД ПОЛОВИНА МИЛИЈАРДА ЛУЃЕ – ТОА Е ДЕНЕС. ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ ЗА НАС ДОМА ЗНАЧИ УШТЕ ПОГOЛEМИ ПЛАТИ, НОВИ РАБОТНИ МЕСТА И ПОГОЛЕМ ИЗБОР, ПОВЕЌЕ СОВРЕМЕНИ ГРАДИНКИ, УЧИЛИШТА И БОЛНИЦИ, МНОГУ ПОГОЛЕМА ДРЖАВНА ПОДДРШКА ЗА ДОМАШНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА, УШТЕ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ. ГРАЃАНИТЕ ДЕНЕС САКААТ ДА ЖИВЕАТ ВО ВАКВА, СОВРЕМЕНА ДРЖАВА, КОЈАШТО Е ДЕЛ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА, РЕЧЕ ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА НА РМ.

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, преку соопштение порача дека 8 Септември е празник за надеж и празник за борба за Македонија и додаде дека  обврска на   ВМРО-ДПМНЕ е заедно со народот да ја ресетира  и да ја издигне  Македонија од оваа апатија и овие црнила. Со куса видео порака од врвот на Јабланица, Мицкоски го честиташе празникот.

-ЦРН КАМЕН, ВРВОТ НА ЈАБЛАНИЦА, 2250 МНВ. ЛОШИ ВРЕМЕНСКИ ПРИЛИКИ. 8 СЕПТЕМВРИ, ДЕН НА НЕЗАВИСНОСТ. СРЕЌНА НЕЗАВИСНОСТ И ВЕКОВИТА ДА СИ МАКЕДОНИЈА, ПОРАЧА ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ АН ВМРО-ДПМНЕ.

Денот на независноста  се одбележува со низа настани под мотото 8 Септември Гласник на слободата. Армијата имаше  тактичко показни вежби, беа  организираат спортски активности, културно-уметнички програми, а денеска граѓаните  бесплатно можат  да ги посетат музеите и археолошки локалитети низ целата држава.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content