СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Србинка ќе биде новата газдарица на Челзи

Србинката Холи Валанс или Холи Вукадиновиќ ќе биде најверојатно новата газдарица на Челзи.

Звучи неверојатно, но ако Роман Абрамович ја прифати понудата на Ник Кенди, инаку вредна 3 милијарди фунти, тогаш оваа Србинка ќе биде новата сопственичка на клубот од Лондон, на европскиот шампион. Имено актерката Валанс е сопруга на милијардерот Кенди. Тој има 49 години, Британец е и голем фан на Челзи.

Неговата сопруга Холи има 39 години е и по потекло од Србија. Нејзиниот татко Рајко Вукадиновиќ бил манекен и позната фаца во екс – СФРЈ и Белград, но на времето се преселил во Австралија, таму и се оженил и добил ќерка, а таа е Холи Валанс, сегашната сопруга на веројатно идниот газда на Челзи. Инаку таа е позната актерка и пејачка.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content