Учебната година почна со стари проблеми кои измнативе години никако да се надминат. Сите ученици и оваа година не добија навреме учебници, а никој не чувствува вина за истото.
Ќе се потрошат 16 милиони евра според склучените договори на МОН,а сите учебници ги нема, наместо тоа учениците добиваат помошни материјали.
Тендерите за книгите за основно и средно образование за следните две години се тешки 16,5 милиони евра и во оваа сума е вклучено превод, печатење и дистрибуција.
Според податоците од Бирото за јавни набавки државата ќе плати многу повеќе за печатење годинава отколку за учебната 2022/23 кога МОН потроши 5,5 милиони евра, пренесе А1.он.
Националната комисија за учебници сѐ уште работи на одобрување на нови учебници и некои ќе стигнат дури на крајот на декември колку што е и утврдениот рок во тендерот за печатење на истите.
Најголемата печатница во Македонија, „Европа 92 Кочани“ ќе заработи 11 милиони евра, а „Арс Студио Тамара“за превод на учебниците од македонски на другите јазици на малцинствата ќе добие 5,2 милиони евра.