15-ти јубилеен фестивал на медот во центарот на Прилеп

128

Под мотото “Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“, денеска во Прилеп започна 15-то издание на фестивалот на медот.

Производители на мед од повеќе места ги претставија своите производи, а граѓаните љубопотно разлегуваа и си купија по некој од овие природни еликсири за своите семејства.

За прилепското пчеларско здружение “Братство” ова издание на фестивалот на медот има посебно значење, затоа што годинава слават 71 година од своето постоење.

Фестивалот го посети и градоначалникот Јовчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content