13 игротеки се затворени по контролите на Агенцијата за храна

110

Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на овој месец спроведе вонредни контроли во игротеките во земјава.

Со контролите опфатени беа 92 игротеки при што беше утврдено дека 16 од нив, не се регистрирани во АХВ како оператори со храна, информираат од агенцијата.

„Кај 8, инспекциските служби утврдиле дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

Кај 16 игротеки утврдено дека вработените немаат спроведено здравствени прегледи, а утврдени се и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и нештетно уништени 11,5 килограми млечни производи“, се потенцира во соопштението.

За утврдените недоследности, како што појаснуваат од агенцијата, издадени се 19 решенија и наредени мерки за нивно отстранување, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content