120.000 гости на “Пиво Фест” во четирите фестивалски вечери

5

Синоќа во Прилеп заврши 18 издание на пивото и скарата Пиво-Фест 2022. Сите четири фестивалски вечери поминаа во весело раположение, со ладно пиво и вкусна скара, со голем број посетители од земјата и странство, во добра организација и незаборавна фестивалска дружба.

На четирите фестивалски денови на двете сцени, главната и алтернативната, настапија над 35 музички имиња, поединци и групи, а беше понудена музика за сечии вкус од различни жанрови.

На фестивалската сцена настапија музички имиња како: “Некст Тајм”, “Супер Хикс”, “Дивље Јагоде”, “Галија”, Влатко Лозаноски, Ламбе Алабаковски, “Меморија”, Хари Мата Хари, ДНК и други.

Според организаторите во четирите фестивалски вечери фестивалот го посетиле над 120.000 гости, а фестивалот поминал без ниту еден инцидент.

Во продолжение проследете ја завршната прес конференција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content