112 санкции за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

3

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, извести МВР.

На територија на СВР Битола санкционирани се 112 возачи, меѓу кои 35 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 1 возач за управување под дејство на алкохол, 22 санкции за непрописно престигнување, 16 санкции за непрописно паркирање. Изречени се четири санкции за користење на мобилен телефон при возење…, соопшти МВР.

Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content