100 дена 100 проекти и покрај „цунамито“

110

Новата влада од денеса веќе не е нова. Повлечена е линијата на 100-те дена владеење. Опозицијата обвинува, критикува, Владата прикажува реализирани предизборни ветувања. Воедно и Владата обвинува – наследиле пустош од власта на СДСМ и ДУИ.

Претходната власт кон државата се однесувала по системот „пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав – вака вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, го претстави своето искуство во првите сто дена од Владата.

Добар дел од аналитичарите велат дека за само 100 дена, новата Влада успеала да реализира огромен број на проекти од кои се во корист и од интерес а сите граѓани на Република Македонија.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски даде отчет за сработеното. Тој е задоволен од сработеното, и покрај, како што вели, лошата позиција наследена од претходната Влада на СДСМ. Според него, 100 дена нова Влада значи повеќе од 100 нови проекти и мерки за сите граѓани.

-Колку повеќе знаеме дека состојбата е пооптоварувачка отколку што очекуваме, нашата решителност станува поцврста. Наследивме потрошен годишен буџет за само шест месеци. Држава од која младите се иселуваат, 600 илјади кои живеат само со 150 денари на ден и многу други горливи проблеми. Но, тоа само ги засили нашите ангажмани и мотивираност да ги исправиме и да излеземе на правиот пат. Денешната цел е недвосмислена – 100 проценти посветеност кон реализација на проектите и исполнување на ветувањата, рече Мицкоски.

Аналитичарот и колумнист, Александар Ристовски во својата колумна вели дека целата нација има огромни очекувања од ветувањата кои беа дадени, но и број наталожени фрустрации од „цунамито“ кое, како што пишува, не снајде, во режија на ДУИ и СДСМ.

Едноставно, се што направија е распродавање на државните и национални интереси, трошење на ангро и дегенерација на институциите и севкупниот државен систем. Ова што новата Влада го прави изминатите сто дена е едноставно кризен менаџмент, и обиди да се вратат нештата во колосек – колумнист и аналитичар Александар Ристевски.

Намалените трошоци за живот, враќање на долговите се само дел од работите кои ги одбележаа ови 100 дена влада.

Мерките кои се донесени, пред сѐ се однесуваат на намалување на трошоците за живот на обичниот граѓанин, преку намалување на одредени давачки и трошоци со кои сите се соочуваме. Враќање на долговите и побарувањата на институциите, кои претходниците ги довеле до нула, а некаде и наталожиле огромни долгови – пишува тој.

После долги години конечно учениците добиваат учебници, и веќе нема да има импровизации, здравството добро почна со укинување на еден куп измислени и небитни функции, пред се во Клиничкиот центар, Транспорт е еден од најактивните ресори, Собранието функционира конструктивно…

Што успеа Владата да реализира и покрај, како што велат, пустошот кој го наследија:

Повисоки пензии преку линеарно покачување на пензиите на над 330.000 пензионери!

Историски највисоки 250 милиони евра за капитални инвестиции за Општините! Пристигнати 357 проекти од 80 општини на јавниот повик.

Поевтини лекови преку проширување на позитивната листа со 9 генерици, вкупно 87 лекови!

Вработување на 600 специјализанти во јавните здравствени установи!

За 100 дена 4 странски инвестиции во износ од 600 милиони евра за нови над 1.500 вработувања!

Странска инвестиција за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони евра. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ инвестира во развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

Нова инвестиција за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра и нови над 100 вработувања!

Инвестиција на германската компанија „BMZ Group“ за производство на литиум јонски батерии во вредност од 65 милиони евра и отворање нови 700 вработувања!

Обезбедени средства за исплата на регрес за над 84 илјади вработени во вредност од 11.000 денари!

Исплатени над 1 милијарда денари за субвенции во земјоделието заостанати од претходната влада!

Исплатени заостанати плати во износ од половина милијарда денари на 3000 вработени во Национални шуми и АД Водостопанство!

Исплатен долг од 2 милјарди денари на Фондот за здравство!

Откочена изградбата на Штипската болница!

После 7 години обезбедени бесплатни учебници за сите од првиот училишен ден во новата учебна година!

Помалку трошоци – повеќе за сите“– намалени цени и маржи за купување на училишен прибор!

Поевтини катастарски услуги – до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните!

Рекордно највисока откупна цена за сортите Вранец и Смедеревка!

Двојно повисоки субвенции за хектар јачмен – зголемување за 100% – од 6.000 денари на 12.000 денари!

Во месец јули 2024 година на патарините собран промет од 470.194.563 денари што е за цели 16.071.251 денари повеќе, споредено со истиот период лани, со што се потврдува домаќинското работење на оваа Влада споредено со претходната!

Рекорди приходи  – Царинската управа со 12 милијарди денари приход, УЈП со 13.4 милијарди денари приход!

Помалку трошоци повеќе за тебе – Ограничена маржа на над 70 производи!

Издавање на пасоши и лични карти во редовен рок!

18 милиони евра за реконструкција на студентските домови!

Отпочната процедура за влез на трет мобилен оператор за пониски цени на услуги!

Одлука за формирање на совет за управување со јавни финансии!

200.000 нови патници во Македонија со новата финансиска поддршка за нови авио дестинации!

Пораст на просечните нето плати  – по вработен во јули 2024 година, во однос на јули 2023 година за 12%!

Раст на индустриското производство од 3,8%

Борба против корупцијата – Обемна акција за основан сомнеж и предистрага за случајот Крмзов и злоупотреба на десетици милиони евра.

Пуштање во употреба на нов булевар со кој Гевгелија се поврзува со автопатот, за што се инвестираа 19 милиони денари!

Камен темелник на изградба на нова детска градинка во општина Бутел за што се инвестирани 100 милиони денари.

Почеток на реконструкција на спортската сала ДТВ ,,Партизан” во Битола за што се инвестираат 16 милиони денари!

Камен темелник на изградба на Спортска сала во Лескоец, Охрид!

Нов изглед на влезот во Битола! Реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри

Пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во Видобишта, Охрид!

Камен темелник за изградба на нова детска градинка во Трубарево, општина Гази Баба за што се инвестираат 19.000.000 денари!

Изградба на ново основно училиште Свети Климент Охридски во Драчево, општина Кисела Вода!

Започнување на градежни активности за доградба на објектот Изворче во детска градинка Срничка за што инвестираат 120.000.000 денари!

Комплетно реновирано одделение за дигестивна хирургија!

Нова апаратура во износ од 1 000 000 евра за Дигестивна хирургија Скопје за лапароскопски столб и изведба на оперативен зафат со употреба на флуоресцентен контраст!

Камен темелник на нов градски пазар во Неготино!

Камен темелник на изградба на спортска сала во Огњанци, Петровец!

Пуштање во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во Илинден!

Пуштен во употреба спортско – Рекреативн центар „Бранители“ во Бутел!

Обезбедени се 68 милиони денари за изградба на колектор Трпејца и дополнителни 53 милиони денари за водоводи и канализации во повеќе општини!

Камен темелник на изградба на спортска сала во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, Ѓорче Петров!

Камен темелник за изградба на дом на културата со спортска сала во село Дреново, Кавадарци!

Поплочување на улица Ванчо Прќе и Пренамена на сообраќајница во шеталиште во Штип!

Почеток на доградба на ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, Општина Аеродром!

Укинат факултетот за здравствени науки во Струга на Мерко!

Укинати лиценците за интернет игри на среќа!

Ристовски ќе напише:

Севкупната оценка, барем од мене е преодна. Сите во државава бевме свесни со што ќе се справи новата власт, но тоа не значи дека истото треба да не обесхрабри и демотивира. Мора сите расположливи структури во државата кои имаат што да дадат и да придонесат да се стават на располагање на Македонија, и секој да помогне во областа во која е квалификуван и компетентен. Да дадеме шанса на оние кои се низ светот да се вратат и тука да градат кариера и семејства. Да се заживее внатрешноста на државата, со услови, со урбанизација, парно, школи, градинки, болници.

Но како што вели, народот очекува и бара поголеми резултати во периодот кој доаѓа. Нема простор за изговори!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content