10 моќни лекции што секоe девојчe треба да ги знае

100

Родителите даваат се од себе за да ги воспитаат своите деца најдобро што можат, без разлика дали имаат синови или ќерки.

Иако во принцип, маjката и таткото треба да ги воспитуваат девојчињата и момчињата на ист начин, барем кога станува збор за основните работи, се чини дека е важно ќерките да научат некои важни, моќни лекции за да можат подобро да се движат низ светот кој е сепак попријателски за мажите.

1. Не дозволувај некој да ти каже што не можеш да направиш

Сама одлучуваш за својот живот и не дозволувај никој да ти каже за што си способна или не. Не дозволувај некој да го диктира патот по кој ќе одиш, или да те скрши.

Има милиони жени во светот на кои им било кажано дека не можат да направат нешто, а тие го направиле токму тоа и станале успешни. Биди како нив.

2. Биди љубезна, но не и слаба

Не ги осудувај другите само затоа што се различни од тебе. Однесувај се кон сите исто и биди сочувствителна. Обиди се да бидеш секогаш љубезна, да им помагаш на сите.

Родителите треба да ги учат девојчињата дека љубезноста помага во социјалниот и емоционалниот развој.

3. Биди силна, но не и груба

Застани за себе! Не толерирај грубо однесување или вознемирување од кој било вид. Биди храбра да тргнеш по она што го сакаш, без разлика колку е тешко. Животот понекогаш ќе те клекне на колена, неуспесите се неизбежни, но стани и храбро тргни напред. Биди упорна!

4. Најди го своето „племе“

Нема ништо подобро од група искрени пријатели кои те разбираат и ги прифаќаат твоите силни и слаби страни. Кога ќе најдеш такви луѓе, негувај ги добро и прекини ги пријателствата кои не те прават подобри или посреќни, пренесува YourTango.

5. Излегувај понекогаш од твојата комфорна зона

Биди храбра, пробај ново хоби, патувај некаде сама. Ќе научиш нови работи за себе и за животот, а тие информации добро ќе ти дојдат.

6. Живеј сама

Барем еднаш во животот, обиди се да живееш сама, без семејство, цимери или партнер. Ова многу ќе ти помогне да разбереш која си без другите луѓе и добро да се запознаеш себеси.

Родителите треба да ги научат девојчињата еден ден да можат да живеат сами, да бидат независни и издржливи бидејќи сето тоа им е потребно за да поминат низ различни животни предизвици.

7. Обиди се да бидеш убава одвнатре

Девојките слушаат толку многу во текот на нивниот живот за нивната надворешна убавина и како да ја негуваат, и нема ништо лошо во тоа. Сепак, важно е да се посвети време и енергија на негување на внатрешната убавина, бидејќи надворешната убавина доаѓа само кога ќе научиме да се сакаме себеси.

8. Следи ја твојата страст

Истражувај, откриј нови работи и обиди се да откриеш што те возбудува. Што и да е, следи ја твојата страст и обиди се да најдеш начин да ја вклучиш во твојата идна кариера. Не се задоволувај со животот што ти го наметнуваат другите, туку пронајди го тоа што те исполнува и потруди се да најдеш начин да бидеш платен за она што го сакаш.

9. Инвестирај само во луѓе кои ти се допаѓаат

Без разлика дали се работи за пријателства или романтични врски, ќе наидеш на луѓе кои те сакаат таква каква што си, но и оние кои не те разбираат. И тоа е во ред, само не троши премногу енергија или време на луѓе кои сакаат целосно да те променат. Опкружи се со оние кои ги слават твоите квалитети.

10. Сакај се

Сè започнува со почит и љубов кон себе, тоа е основата за идните врски, работни места, хоби, авантури.

Многу е важно девојките да научат да се сакаат себеси рано во животот, бидејќи тоа има огромно влијание врз нивното ментално здравје, издржливост и целокупната благосостојба. За ова придонесуваат позитивните интеракции и афирмации од родителите во раното детство.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content