1.001 Македонци поднеле барање за европски азил во ноември 2021

22

Околу 71.400 барања за меѓународна заштита биле поднесени во ЕУ, Норвешка, Швајцарија и Обединетото Кралство во ноември 2021 година, според податоците објавени во петокот од Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА). Тоа е втора највисока месечна бројка од 2016 година.

Анализата покажува дека барањата се зголемени за 9 отсто во споредба со октомври 2021 година, при што многу земји добиле најмногу барања од 2016 година. Само во септември 2021 година забележани се повеќе барања за азил во ЕУ, од кои многу се поврзани со евакуацијата од Кабул.

Авганистанците поднеле најмногу апликации во ноември, околу 13.000. Сиријците вложиле најмногу апликации од 2016 година, вкупно околу 11.500. Ирак, Венецуела, Пакистан и Колумбија беа други главни земји на потекло на барателите на азил.

Македонија е релативно високо на оваа скала – 1.1001 македонски граѓани поднеле апликации за европски азил во ноември 2021. Од балканските соседи од Албанија има 1.121 апликации за азил, од Србија само 405, од Босна и Херцеговина 349, од Црна Гора 77, за Косово нема податоци.

Земјите од ЕУ+ издадоа околу 45.500 одлуки на прв степен во ноември 2021 година (каде недостасуваа податоци за две земји од ЕУ+), слично како и во октомври. Имаше благ пораст на одлуките за повторени пријави (+ 7%), особено оние поднесени од државјани на Македонија, Ирак и Турција. За 900 македонски граѓани биле издадени решенија во ноември, што е 37 отсто повеќе во однос на октомври.

На крајот на ноември 2021 година, за околу 431.000 предмети сè уште се чекаше одлука.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content