Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од четврток до недела 25-27 август на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 11то издание на фестивалот „Prilep Jazz Weekend“.
Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика.
Во своето издание за оваа година е испланирана следната програма:
Фестивалот ќе го отвори експерименталното џез-фјужн трио од Скопје 3JECT, а после нив ќе настапат гостите од Бугарија МЕТАФОРМОЗА, предводени од Росен Захариев еден од најдобрите трубачи во Европа, од кои се очекува импровизација на сцената и еден уникатен проект пред Прилепската публика.
Четврток 25 август 2022г
- 3JECT (Македонија)
- МЕТАФОРМОЗА (Бугарија)
Втората вечер ќе започне со настапот на Гордан Спасовски, пијанист, аранжер и композитор на џез музика, со големо искуство и настапи на Европските џез фестивали и престижни џез клубови, кој на публиката ќе и го презентира албумот „Light Pillar “ и композиции од новиот материјал. Фактот што дел од триото се Виктор Филиповски и Кирил Туфекџиевски кои се дел од All Stars тимот на млади македонски џезери ни дава за право да очекуваме концерт што не смее да се пропушти.
За бендот чиј албум “A Wave Returns to the Ocean” е вброен во листата на најдобри светски џез албуми има многу да се каже. Светлост е музички колектив основан во 2014 година од Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски.Пред две години имавме можност во Прилеп да ги гледаме како трио, а оваа година ќе ја имаме таа среќа да ги проследиме појачани со проширениот ансамбл Odron Ritual Orchestra. Публиката ќе има можност да се радува на фри џез звуците зачинети со ворлд мјузик.
Петок 26 август 2022г
- Гордан Спасовски ТРИО (Македонија)
- SVETLOST+ODRON RITUAL ORCHESTRA (Македонија)
Последниот ден од фестивалот ќе ни се претстават гостите од Србија и Хрватска. Квратетот на тапанарот и композитор Александар Цветковиќ Драма ќе ни го презентира нивниот втор албум „Mindset“ кој е објавен во јавноста пред неполни месец дена.Бендот кој го сочинуват артисти од врвната српска џез сцена ќе не почести со фузија на звуци од традиционален џез, фјужн, рок и модерен џез.
Предводена и формирана од берлинскиот саксофонист и композитор Гргур Савиќ, Vortex Four е акустична група од четири божествени музички луѓе кои ги изведуваат напишаните оригинални композиции, ја прифаќаат слободата, мелодичната моќ, хармонична радост и дух, ангажирајќи ја емпатијата и сочувството за луѓето и општеството. Vortex Four е квартет со двајца дувачи, без електрични инструменти, што произведува неверојатна количина на енергија, емоции и свежи идеи.
Сабота 27 август 2022г
- DRAMA QUARTET (Србија)
- Grgur Savic&Vortex four (Хрватска)
Овие настапувачи се распоредени во 3 фестивалски денови, а во оф програмата предвидени се концерти на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука, како и во старата прилепска чаршија.
24 август 2022г
Љубојна – концерт во старата Прилепска чаршија
28 август 2022г
Next to Silence – концерт во Cafe&bar ONYX
Недела 28 август 2022
„Кој тоа чука на Брбјанска Чука ?“ – музички перформанс на перкусионистот
Гоце Наумов кој ќе се одржи на археолошкот локалитет Врбјанска Чука
Прилеп џез викенд е веќе десет години домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена и е позициониран на картата на значајни музички манифестации, не само во Република Македонија, туку и еден од позначајните во регионот воопшто. Во изминатите години сите што настапија на неговата сцена, оставија белег во креирањето на фестивалската историја и извршија силно влијание врз прилепската публиката.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Општина Прилеп.
Влезници за Prilep JAZZ Weekend може да се купат на плоштад во #CityTobacco.