Талат Џафери попладнево поднесе оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
Ве известувам, дека согласно член 115 од Деловникот за работа на Собранието, поднесувам оставка на функцијата претседател на Собранието на Република Северна Македонија, се вели во собраниското соопштение.
Од Собраниетo информираат дека Џафери го овластил потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски да претседава со пленарната седница закажана за утре.
Претходно, и претседателот на Владата Димитар Ковачевски, денеска во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, и притоа имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.