Џамбаски: Се распадна Југославија, време е да се урне и последниот бастион – македонизмот

47

„Крајно време е политичарите крај Вардар да сфатат дека нивниот страв од распаѓање на лагата не ја оправдува омразата и репресијата кон Бугарите. Југославија се распадна, време е да се урне нејзиниот последен бастион – македонизмот“, напиша на социјалните мрежи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

„За последен пат, Цар Борис III обединител е симбол на ослободувањето и единството на Бугарите“, напиша Џамбаски.

Тој по повод случувањата околу отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид му одговори и на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи:

„Ова господине Османи не е провокација, туку факт. Годините на лаги и пропаганда на Коминтерната не можат да ја променат историјата. И тоа покажува дека бугарските чети биле пречекани како ослободители со цвеќиња и бугарски песни. Иван Михаилов, кој го мразат сите Македонци, вели: „Кога во 1941 година се отворија бугарските училишта во Македонија, никаде немаше бунт и не се бараа други училишта“, напиша Џамбаски на неговата фејсбук-страница.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content