Ќе се доделат 6.000 денари за ранливи категории – Проверете дали ги исполнувате условите

115

Владата го усвои законот со кој на ранливите категории ќе им се доделат 6.000 денари, како дел од антикризните мерки од четвртиот пакет на мерки. Станува збор за околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределни на околу 300 000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи, објави Министерството за финансии на својот фејсбук-профил.

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

 

Сите овие категории треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари. Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа.

Како што наведуваат граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

Генералниот секретаријат на Владата ги собира листите со граѓани и ги распределува корисниците по банките. Крајните листи на корисници се објавуваат на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Средствата ќе се исплатат на трансациската сметка на корисникот,а за оние кои не поседуваат ќе им биде отворена. Ако граѓаните ги исполнуваат условите, а ги нема на листа во рок од три дена од објавување, може да поднесат приговор на kupuvamdomasno.gov.mk со наведување: ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина и е-маил.

Генералниот секретаријат ќе упати јавен повик компаниите кои продаваат македонски производи и услуги да се пријават. Компаниите каде ќе можат да се купуваат македонски производи и услуги ќе бидат задолжени на рафтовите или веб-страната да ги истакнат истите.

https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceMK/posts/2288376511307852

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content