Избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат Берово – Црвен Брег – Абланица. Според договорот граѓаните на Берово за три месеци ќе ја добијат оваа долгоочекувана сообраќајна артерија, која од Општината очекуваат да донесе унапредување од повеќе аспекти.
-Оваа недела во законска постапка е избран најповолен понудувач за изградба на локалниот пат „Берово – Црвен Брег – Абланица“. Тоа е компанијата „СД Транс“. Според договорот работните активности треба да почнат за 15 дена и рокот на изведба е три месеци, информираа од Општината.
Беровци, туристите, корисниците на тој дел, како што додадоа, ќе добијат нов пат за завршување на своите обврски.
–Исто така туристите ќе добијат нова патека за шетање и нова побрза дестинација до популарната „Абланица“, додадоа од Општината.
Сумата за патот од 15,4 милиони денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски со одлука на Влада од 14.12.2023 година.