Поради намалениот број на ученици, дел од училиштата посебно во руралните средини ќе се затворат.Македонија повеќе од една деценија се соочува со намален наталитет но и иселување на цели семејства.Желбата за повисок стадард и подобра работа ги тера да заминат од татковината.Во училиштата се помалку се слуша детски џагор. Колку и кои училишта ќе бидат затворени допрва ќе се одлучува,во моментов се обновуваат податоците и се правата анализите, вели министерката за образование, Јаневска.
“Проблемот со малиот број на дечиња во училиштата е првенствено проблем на децата,јас би сакала граѓаните тоа убаво да го разберат.Tие деца кои што се по 5,6,7 во одредено село ќе наречам, тие се изолирани деца од останатите нивни врсници.Се наоѓаат во едно училиште кое може и да е реновирано,но воглавно се постари, сведени се сами на себе и своите родители.Наставници кои доаѓаат на настава одвреме на време се менуваат” -вели Весна Јаневска,министер за образование
Јаневска истакнува дека тие деца немаат информации за надворешниот свет и немаат можност да се социјализираат,да видат смарт табла, да видат модерно ново училиште,да се натпреваруваат со децата од својата генерација.Министерката нагласи дека има училишта со само двајца ученици.
“И допонително за да бидеме чесни и фер тие училишта се терет на државата,режија се плаќа греење ,струја, интернет и тн.Проектот за оптимизација на мрежата училишна во Македонија тече со помош на Уницеф и во моментот се обновуваат податоците и се прават анализите” -вели Јаневска
Но да не се создава паника кај родителите,има одредени региони на планински села каде иако има мал број ученици,училиштата нема да бидат затворени затоа што се на голема оддалеченост од централните училишта. Клуч на врата ќе се стави онаму каде подрачните училишта се оддалечени до два километри од централните.На децата ќе им биде обезбеден оброк и бесплатен превоз.Со ваков чекор ќе се подобри социјалниот живот на учениците а ќе им се даде повеќе ангажман на наставниците,се со цел тоа да биде во корист на децата и стекнување на нивни знаење.
Намален број на ученици има и во градовите, но дали ќе се затвораат училишта и во гратските средини и како ќе се решава тој проблем ќе се одлучува многу внимателно,без избрзување,земајќи ги во предвид сите околности.
Инаку Јаневска обзнани дека министерството за образование и наука е во минус 5 милијарди денари, но уверува дека и со ваков буџет, ќе има плати за вработените во образованието, а ќе се исплаќа финансиската поддршка за учениците.