СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Технологија

Во јули се укинува роамингот во Западен Балкан

Западен Балкан, што значи дека на граѓаните и деловните субјекти од регионот ќе им остануваат повеќе пари во буџетот, изјави генералната секретарка на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу.

Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ на 1 јули ќе почнат со имплементација на договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година, со кој граѓаните добија поевтин роаминг за телефонските разговори, СМС пораки и користењето интернет.

 

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена за 80 проценти, додека втората фаза, односно целосно укинување на роамингот е најавена за 1 јули годинава.

Европската унија побара укинување на роамингот во телекомуникациските тарифи за земјите од Западен Балкан, како форма на олеснување на комуникацијата на граѓаните.

– Граѓаните ќе имаат малку повеќе пари во џебот, оние што би се потрошиле доколку ги платат тие сметки во регионот поради тарифите за роаминг. Второ, мислам дека е важно да се нагласи дека не само што се зголеми бројот на луѓе кои користат Интернет, туку за време на пандемија сфативме дека се зголеми времето кое луѓето го поминуваат на Интернет, што исто така дава одредена тежина – рече Брегу за Радио Слободна Европа.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content