Ќерката на директорката од Чашка која прифати албанска паралелка, се вработила во Просветен инспекторат

60

Ќерката на директорката на основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, Елена Николова која пред десетина дена беше нападната од гневна толпа на родители затоа што прифати отворање на албанска паралелка, се вработила во Државниот просветен инспекторат објави „А1он“.

Таа е вработена на позицијата советник во Инспекторатот каде што директор е Халил Фератов од Горно Јаболчиште, општина Чашка кој е кадар на Алијанса за Албанците. Како директор тој му наложи на МОН да му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на општина Чашка, Горан Стојановски што не отворил албанска паралелка во централното училиште иако во тој реон не живеат Албанци.

Инаку, минатата недела, на родители на децата oд училиштето „Тодор Јанев“ кои неколку недели ја бојкотираат наставата поради одлуката на МОН да се отвори албанска паралелка, и се нафрлија на директорката Николова, а полицијата мораше да интервенира и спречи поголем инцидент во моментот кога таа доаѓаше во училишниот двор.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content