Јотова во Албанија со мисија да ги убедува Македонците дека се Бугари

54

Предвидено е таа да има средби со претставниците на бугарското малцинство во Голо Брдо и да го означи стартот на новата учебна година во бугарско неделно училиште во Елбасан, области кои се или со мнозинско или со значително македонско малцинство. Во официјалната најава на нејзиниот кабинет, се нагласува токму фактот дека посетата на Јотова се организира во пресрет на пописот на населението во Албанија, што бил важен момент за бугарското национално малцинство. Посетата на Јотова повторно ги подгреа стравувањата кај нашинците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник, чии политички претставници со месеци алармираат дека Софија во пресрет на пописот се обидува да изврши тивка асимилација на македонското и вештачки да создаде непостоечко бугарско малцинство преку делење стипендии и нудење бугарски пасоши.

-Најавата за отворање на училишта на бугарски јазик не е ништо друго туку само продолжение на активностите на бугарските власти за асимилација на нас Македонците во Голо Брдо. Добив покана од администраторот на Острени, Луан Мјештри да учествувам на отворањето на некакво училиште во Острени, но одбив. Што барам јас на место каде ми се оспорува идентитетот. , вели Едмонд Османи, потпретседател на МАЕИ во изјава за МИА.

Албанија во октомври во 2017-та година официјално призна постоење бугарско национално малцинство во земјата. Софија проценува дека во Албанија имало помеѓу 35.000 – 45.000 луѓе со бугарски корени, додека Македонците велат дека практично нема ниту еден. Премиерот Ковачевски очекува дека статистичката операција во Албанија ќе биде успешно спроведена.

-Имаме гаранција од страна на Владата на Албанија, која е членка на НАТО дека пописот во таа земја ќе биде спроведен согласно сите светски стандарди, стандарите Евростат, а ние ќе продолжиме да им помагаме на нашите Македонци во Албанија. Македонците во Албанија се исто толку македонци како и ние во македонија. , вели Димитар Ковачевски, претседател на владата.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, коментирајќи ја посетата на Јотова, вели Бугари во Албанија нема, туку Македонци кои како што вели, матичната држава ги остава сами на себе.

-Бугарија бара непостоечки Бугари во Албанија, купувајќи ги душите на луѓето кои се напатени и измачени и живеат во тешка сиромаштија во Албанија, нудејќи им бугарски пасоши со кои можат да одат во побогатите земји на ЕУ по парче леб. Таа е вистината!, пишува Николоски на Фејсбук.

Пописот во Албанија почнува во понеделник и ќе трае шест недели.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content