Јогуртот Баланс + се повлекува од пазарот

50

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлекува од пазарот небезбеден производ БАЛAНС +, ферментиран млечен производ, во пакување од 1 килограм.

Причините се неусогласена концентрација на афлатоксини со македонските прописи, поради што овој производ е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

Афлатоксините се токсични и се едни од најканцерогените познати соединенија. По влегувањето во организмот, можат да бидат метаболизирани во црниот дроб.

Дополнително, од АХВ известуваат дека количествата што се повлекуваат не биле наменети за македонскиот пазар.

Се повлекуваат пакувањата со Сериски број/лот: 28.11.22, односно рок на употреба до 28 ноември.

Производител е AD IMLEK, Industrijsko naselje bb,11231 Padinska Skela, Republika Srbija.

Производот во земјава е дистрибуиран од Млекара АД Битола, Ѓурчин Наумов Пљакот бр.1, 7000 Битола, Република Македонија.

Крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле, порачува АХВ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content