Директорот на ТИРЗ и поранешен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека вчерашната оставка на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е задоцнет чекор, но сепак чекор во вистинска насока.
-Очекував овој чекор да се случи многу порано и очекував ова да го следат сите останати членови на раковдоството на партијата, за да веднаш преминеме во отворена дискусија за тоа кои се причините за катастрофалниот резултат. Веднаш треба да зборуваме и како понатмау, рече Деспотовски во емисијата „Студио 10“.
За вчерашното прегласување на седум избирачки места и изедначувањето на бројот на пратенички места меѓу СДСМ и ДУИ, Деспотовски вели дека „веќе не можеме да зборуваме за СДСМ и ДУИ заедно“.
-Не знам колку можеме да си дозволиме привилегија да зборуваме за позитивни работи за СДСМ, меѓутоа тоа што дава надеж да продолжиме напред и да станеме повторно силна политичка сила во државата. По овие избори, СДСМ остана една од двете најголеми политички партии. По бројот на гласови сме пред ДУИ и тоа ни дава за право за столчето во ДИК и сите останати позиции што ги добива главната опозициска партија, кажа членот на СДСМ.