Јованоски: Во болницата се зајакнува медицинскиот персонал и двојно се зголемува бројот на кревети

44

Состојбата со коронавирусот во општина Прилеп достигна загрижувачки размери. Бројот на заразени постојано расте, се зголемува притисокот врз здравствените работници, а граѓаните, посебно младите, и натаму во најголем дел не ги почитуваат препораките за носење заштитна опрема и не се откажуваат од дружбите по забави и викендици.

Сето ова беше причина денеска да се одржи седница на Општинскиот кризен штаб, на која се донесоа повеќе заклучоци и предлози, кои се во функција на подобро справување со актуелната состојба со коронакризата.

 

На седницата на Општинскиот кризен штаб одлучивме: заради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од болничко лекување, хоспитализација, двојно да се зголеми капацитетот на болнички кревети во болницата. Ова значи на досегашните околу 50 да се зголеми на 100 кревети. Ќе се зголеми и медицинскиот персонал во инфективното одделение преку ангажирање на дополнителен персонал од здравствени работници од другите одделенија и со вклучување на волонтери.

Јованоски апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, носење на маски и социјална дистанца, до стопанските субјекти, особено оние со помал број на вработени, да ги почитуваат протоколите, а до младата популација да не се групираат и да прекинат со организирање на забави.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content