Јаневска: Училиштата се безбедни, децата се на сигурно

97

Училиштата се безбедни, децата се на сигурно. Она што треба да го направат е засилено да учат, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа додаде дека според информациите со кои располага завршени се сите безбедносни проверки и во основните и во средните училишта и оти тие покажале дека се безбедни.

-Според информациите кои ги добиваме од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) – училиштата кои се под ингеренции на општините веќе се проверени, државните кои се под ингеренции на МОН, исто така, се проверени и порака до родителите е дека тие се безбедни, рече министерката одговарајќи на новинарско прашање пред одржувањето на третиот Женски Економски Форум.

Прашањето за безбедноста на училиштата се отвори по трагичниот настан во Кочани кога пожар изби во ноќен клуб во кој загинаа 59 лица, а над 200 беа повредени.

 

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content