Јавна расправа за законот за продажба на државно земјоделско земјиште

69

Според нив, ваков каков што е ќе им оди во прилог на прилог само на олигарсите. Бараат гаранција дека земјоделската почва нема да стане градежно земјиште. Затоа предлагаат наместо за 10, купувачот да може да го пренамени земјиштето за 20 години.

За Министерот Хоџа овој закон е најголемата реформа во земјоделството. Вели, првите видливи резултати државата би ги имала за најмалку 3 години. Повтори дека целта е да пораснат инвестициите и да се зголеми производството.

 

Предлог-законот уште од април е прикачен на ЕНЕР за увид на јавноста. Во него стои дека слободното државно земјиште ќе се продава по цена од 0,20 до 1 евро по метар квадрат, во зависност од катастарската класа на земјиштето.

Државата поседува 240.000 хектари од вкупното обработливо земјиште, но според анализите на ресорното министерство речиси 110.000 хектари се запуштени и не се управуваат.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content