Во финалето Ѓоковиќ го победи Данило Медведев со 3:0 во сетови и со тоа му се одмазди за поразот од 2021 година.
Интересен одговор Ѓоковиќ даде на прашањето дали се смета себеси за еден од најголемите спортисти на сите времиња.
„Тоа вам ви оставам вам и на сите други, без разлика дали сум или не, дали заслужувам да бидам дел од таа дискусија. Да не бев од Србија, пред многу години ќе бев кренат до небото на спортски план…особено во западниот свет. Тоа е дел од моето патување, благодарен сум што доаѓам од Србија, ми дава верба и надеж, уште послатко е и ме исполнува, а вие пишувајте што мислите“.
Ѓоковиќ од денес се врати на првото место на АТП листата. Српскиот тенисер ја започна 390. недела како светски првак број 1.