Шумската полиција во Прилеп три месеци без возило

49

Шумската полиција во Прилеп е без единственото возило со кое шумските полицајци излегуваат на терен. Возилото е во дефект, а нејасно што се чека 3 месеци за да се поправи. Во моментов огромен регион на општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани е оставен на милост и немилост на дрвокрадците кои и без ова во изминативе години направија вистински пустош во прилепско. Нема кој да го спречи овој криминал, а 13-те шумски полицајци во Прилеп, во моментов не работат ништо.

Од шумската полиција во Прилеп не сакаат да дадат изјава, но велат дека се чекало на тендер за поправка на возилата и се надеваат дека тоа ќе биде завршено за брзо. Признаваат дека се чека предолго и дека едно возило, како и 13 шумски полицајци се премалку за покривање на регинот, но со децении за ова државата нема слух. Велат во овој период кога немаат возило за своите активности имале одредена соработка со регуларната полиција во регионов.

Како доказ дека државата воопшто не се грижи да го стопира овој криминал во Прилеп зборува фактот што тој со години се случува пред очите на сите институции, но никој не презема ништо. Буквално секој ден само по патот за вештачкото езеро кај Прилеп поминуваат десетици специјално направени возила за превоз на дрва, но за жал тука полиција скоро и да нема. Овие возила без страв полнат гориво на бензинските пумпи во Прилеп и без страв истите ги поправаат кај автомеханичари.

Се краде и на Плетвар кај селата Дрен, Смолани, Царевиќ и Никодим. А поради неисправноста на овие возила на патот Прилеп-Градско за неколку годинии имаат загинато тројца дрвокрадци. Овие возила се опасност и за целата околина. Општина Долнении е најпогодена во реонот на селото Црнилиште.

Што е уште потрагично бидејќи во Прилеп повеќе нема што да се краде сега дрвокрадците одат преку преминот Дервен во велешко од каде дрвата завршуваат на црниот пазар во Прилеп.

Доколку државата не преземе нешто, за брзо Прилеп ќе биде претворен во пустина.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content