Што најмногу се гуглаше во 2022

38

За 2022 година може да кажеме дека изобилуваше со настани кои засекогаш го променија светот каков што досега го знаевме. Еден од тие настани кои направи пресврт е војната во Украина, која не само што дојде како шок за Европа, туку и за светот.

Како и секоја година, и во оваа Гугл ги објави најпребаруваните поими во годината. Што се однесува до вестите, најпребаруван поим е Украина, а потоа следа смртта на кралицата Елизабета Втора, изборните резултати во САД, мајмунски сипаници, пресудата на Џони Деп и Амбер Херд, шлаканицата на Вил Смит и слично.

Најпребарувани личности се Џони Деп, Вил Смит, Амбер Хер, Владимир Путин, Крис Рок, НОвак Ѓиковиќм Ана Сорокин и други.

Најпребарувани спортисти се Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Серена Вилијамс, додека најгуглан спортски настан е Светкото во Катар.

Најпребаруваните поими во останатите категории може да ги погледнете овде.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content