Гимназијата „Алгоритам“ во соработка со „Europe House“ објави конкурс на тема „Што ме движи кога сè стои?“ за сите ученици од основните и средните училишта во земјава. Конкурсот е поддржан од Делегација на Европска Унија.
Учениците имаат можност да се изразат во три области: филм, литература и компјутерска графика, а нивните креативни дела треба да бидат одраз на европските вредности: инклузија, толеранција, еднаквост, правда, солидарност и недискриминација. Ќе бидат доделени награди во сите три категории, според возраста. Учениците на најдобрите дела од трите категории ќе бидат наградени со лаптопи и таблети, а ќе ги избира стручно жири. Ќе биде доделена и специјална награда од публиката преку гласање на социјалните мрежи.
Рокот за доставување на делата е 25 април 2021 на електронската адреса: [email protected].
Целта на оваа иницијатива е поттикнување на основците и средношколците на мисловен и креативен процес низ кој ќе ги искажат своите секојдневни интереси, гледишта и тоа што ги движи и мотивира, соопшти организаторот на конкурсот.