„Попладнево, во 16.46 часот во СВР Битола е пријавено дека во отворениот Олимпискиот базен во Битола се удавил шпанскиот државјанин С.Ч.(22). Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а увид извршила увидната екипа на СВР Битола.По наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција“, информираат од СВР Битола.