Шампионска и историска година за БК “АС” од Прилеп

37

Боксерскиот клуб „АС“ – Прилеп заокружува една успешна, и за овој клуб, но и за Прилеп историска сезона во македонскиот бокс.

Напорната работа резултираше со државен шампион, освоени голем број медали и за прв пат во клубската историја освоен шампионски трофеј во младинската бокс лига.

По тој повод денеска тренерот Дарко Чатлески и дел од младите боксери беа на прием кај градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Доминантно во младинската конкуренција, прилепчани предводени од тимот на Чатлески ја освоија титулата во оваа конкуренција, која што е признание за нивната работа и труд кој го покажуваа за време на тренинзите и внатре во рингот.Напорната работа на тренерот Дарко Чатлески резултира со успеси и многу освоени медали на државно ниво. Им посакав многу успех во новата 2023 година, здравје пред се и се надеваме дека со наша поддршка ќе му донесат на Прилеп успеси и од меѓународната сцена – напиша Јовчески.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content