Четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за фудбалерите и стручниот штаб за ЕУРО 2020

47

Фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија добиваат четири милиони и двесте илјади евра вкупна премија за пласманот на Европското првенство..

Репрезентативците и стручниот штаб веќе инкасираа близу еден милион евра за освоеното прво место во групата Д од Лига на нации и квалификациите за ЕУРО 2020.

 

Со денешната одлука на Управниот одбор на ФФМ, до крајот од годината, федерацијата ќе им исплати сума од три милиони и двесте илјади евра за обезбеденото место на македонската репрезентација на Европското првенство.

Управниот одбор ги усвои предложените критериуми за распределба на наградата, изготвени од директорот на А репрезентацијата во консултација со селекторот и капитенот на македонската репрезентација.

„Кога ќе погледнеме што сѐ Фудбалската федерација на Македонија доживеа и оствари во 2020. година, навистина има на што да бидеме горди. Македонската репрезентација ја обедини целата држава и ни ја донесе најголемата фудбалска радост од осамостојувањето. Капитенот Пандев и сите репрезентативци апсолутно ја заслужуваат паричната награда. Во сите тие моменти на патот до пласманот на Европското првенство, кога фудбалерите играа и се бореа за нашата фудбалска историја , никогаш не се размислуваше за пари. Но, сега е моментот, Управниот одбор да го цени успехот и да се обидеме и на овој начин да дадеме признание и да влијаеме позитивно на понатамошната атмосферата во репрезентацијата. Знам дека времињата се тешки, но Фудбалската федерација ќе продолжи да работи и горди сме на сѐ што заработивме и сѐ што плативме. На капитенот Пандев и соиграчите им посакувам многу среќа во новиот квалификациски циклус и повторно да ја одведат Македонија на големо натпреварување“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Управниот одбор на ФФМ на денешната седница донесе одлука за распределба на средствата од УЕФА солидарен фонд на клубовите од МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 за развој на младинскиот фудбал, исто така го усвои правилникот за лиценцирање во УЕФА натпреварувања на клубовите од ЖМФЛ, како и пропозициите за претквалификацискиот турнир за одредување на македонските претставници за е-ЕУРО 2021 во квалификациите за е-ЕУРО 2021. Турнирот ќе се организира во соработка со македонската Еспорт федерација.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content