На 7 мај во Тирана, Албанија, се одржа меѓународниот турнир во џудо „Тирана Опен“ на кој учествуваше и македонскиот џудо клуб Сеишин-Прилеп предводен од тренерот Мартин Ристески и Киро Здравески.
Освен од нашата земја, на овој турнир имаше и натпреварувачи од Албанија, Италија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Србија и Грција.
Седум џудисти го претставуваа Сеишин-Прилеп, а освоени се вкупно четири медали од кои два златни, и по еден сребрен и бронзен.
Резултати поединечно:
Пионерки:
1.Тамара Илиоска 1 место
2.Теодора Илиоска 1 место
Кадетки:
3. Елеонора Илиоска 2 место
Кадети:
4. Никола Магдески 3 место
Сеишин-Прилеп следен викенд ќе настапи на меѓународниот турнир „Скопје Опен“ на кој се очекува да учествуваат голем број клубови од странство.