Центарот за јавно здравје Прилеп во катастрофална состојба (ВИДЕО)

132

Долг од пет милиони денари, но и двојно повеќе ненаплатени побарувања кои се трупале во последниве години, потоа дефицит на здравствен персонал, како и потреба од осовременување и реформирање на постоечките услови за работа, се само дел од проблемите со кои во моментов се соочува Центарот за јавно здравје во Прилеп. „Во оваа Јавна здравствена установа услугите ги добиваат околу 120.000 осигуреници од дури шест општини, заради што ние како нов тим веќе интензивно работиме на изнаоѓањето решенија за нејзино брзо „заздравување“, уверува новиот прв човек на Установата, епидемилогот Горан Кузевски – oбјави “АЛФА ТВ”

„Јас лично сум оптимист и врз основа на планот за работа кој што го направивме, со една добра финансиска дисциплина и со рационализација и оптимизација на трошоците, се надевам дека за некој временски период од 9 до 12 месеци ќе успееме да ја стабилизираме оваа финансиска состојба и потоа да започнеме циклус на инвестиции“, – ни изјави д-р Горан Кузевски, епидемиолог и директор на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп.

Според Кузевски, најголеми должници на Центарот му се: прилепската Болница, некои локалани самоуправи, јавни претпријатија, па дури и Министерството за здравство. Со дел од нив веќе се разговарало и сега се бараат начини како да се наплатат овие долгови кои што изнесуваат преку 10 милиони денари, бидејќи од тоа ќе зависи и сервисирањето на заостанатите, но и на тековните обврски кои ги има Центарот. Истовремено, се прават и планови за нови вработувања, бидејќи во моментов недостасуваат еден општ лекар, 2 до 3 медицински сестри-лаборанти, како и останат помошен персонал.

„Вкупно во ЦЈЗ се вработени 47 здравствени работници. Од нив, 9 се лекари- специјалисти, еден лекар по општа медицина којшто сега треба да замине на специјализација, потоа имаме шест здравствени соработници, 23 здравствени работници и осум помошно-административен персонал“, – објаснува Кузевски.

Напоредно со стабилизирањето на финансиската состојба, Кузевски најавува и докомплетирање на процесот на акредитација на Санитарно-хемиската и Санитарно-биолошката лабораторија за најстручна проверка на безбедноста и квалитетот на водата за пиење и на храната, а ќе се проширува и опсегот на анализи во Одделнието за микро-билогија, пред се’ во областа на молекуларната дијагностика. A ретка новина е планот за отворање на т.н. Центар за промоција на здравје во простор на призмјето на ЦЈЗ, а кој сега целосно е руиниран и нефункционален, открива Кузевски.

Каролина Дурло за АЛФА ТВ

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content