Националната Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ во ноември одбележува 45 години од формирањето. Својата дејност како Дом на Културата ја започнува на 14 ноември 1979 г. со отворање на изложба од прилепски автори и со специјално подготвената театарска претстава “Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на Културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови. Во 90-те години во рамките на Домот на Културата влегуваат Културно просветната заедница (КПЗ) на град Прилеп, списанието за литература, уметност и култура “Стремеж“ и Центарот за современа ликовна уметност, и домот “Марко Цепенков“ прераснува во Центар за Култура “Марко Цепенков“ Прилеп со професионална значајна издавачка, ликовно – галериска и сценско музичка дејност. Во 2004 г. го добива статусот: Национална Установа Центар за Култура “Марко Цепенков“ и во нејзини рамки влегува театарот “Војдан Чернодрински“.
„45 години да се создава, чува и негува богатото културно наследство, вткаено во сопствениот подем, во растот на градот кој неуморно покажува и докажува дека раѓа и одгледува писатели, сликари, актери, музичари, слободоумни луѓе со визија, е значајно. Годинава кога одбележуваме 45 години, а цел месец имаме бројни активности, необично е тешко и речиси невозможно да се систематизираат, па дури и само да се набројат сите културни настани кои што се создале, се промовирале, се зародиле, се одиграле во НУЦК“Марко Цепенков“ Прилеп. Институцијата е голем репрезент на високо професионални театарски, литературни и ликовни дела, но и дава значајна подршка за сите аматери.“.
За својата исклучително значајна културна дејност, како и за извондредните пред с# театарски, музичко сценски изведби, ликовна дејност, во 2009г. НУЦК“Марко Цепенков“ ја доби најпрестижната награда на град Прилеп плакета “3-ти Ноември”. И повторно, во годината кога одбележуваме значајна годишнина, нашата ликовна колонија Дрен е наградена со Третоноемвриска плакета од општина Прилеп. Тоа е потврда за професионалниот ангажман на институцијата на полето на уметноста, односно културата во градот.
Се што е сработено во Центарот низ годините е видливо. Останува аманетот за овие сегашни генерации да придонесат да се подигне на уште повисоко рејтингот на институцијата, да се изнајдат начини за поддршка од државата за реконструкција на објектот, но и за изградба на нов театар. А, понудата на квалитетни настани секако ќе ни бидат во прв план, бидејќи опстојуваме и работиме за публиката и за граѓаните на Прилеп.
Во продолжение и програмата на настани и случувања кои Центарот за култура ќе ги реализира во наредниот период по повод овој јубилеј:
* Фестивал „Прилеп фест“
01.11.2024 – 20.00 ч./ голема сала/
*****
*Изложба на ДЛУП
02.11.2024 – 18.30 / ликовна галерија/
*****
* Проекција на филмот „Јон Вардар против галаксијата„
04.11. 2024 – 19.00 ч./ кино Мис Стон/
*****
*Проекција на филмот „ На се доаѓа крај“
06.11.2024 – 19.00ч / кино Мис Стон/
*****
* Вечер на аргентинска музика
09.11.2024 – 19.00 ч/ фоаје/
*****
*Концерт на женски камерен хор „Керамија“
11.11.2024 – 19.00ч./ фоаје/
*****
* Промоција на албумот
„Од колено на колено“ со Александар Јовевски
12.11.2024 – 19.00 ч./ фоаје/
*****
* Изложба на дела од колонијата „ Дрен 2024“
14.11.2024 – 18.30 /ликовен салон /
*****
*Koncert na FIA TRIO
14.11.2024 – 19.00 /ликовен салон/
*****
* Концерт на октет Прилеп
15.11.2024 – 19.00 ч. / голема сала /
*****
*Анимиран филм за деца „Дури и глувците одат во рајот“
16.11. 2024 – 11.00ч/ кино Мис Стон/
*****
* Концерт „Пијан Славеј“
20.11.2024 – 19.00 ч/ фоаје/
*****
* Изложба од Маја Р. Миладиновски
21. 11.2024 – 19.00 ч./ ликовна галерија/
*****
* Изложба од Зоран Тодороски
22.11.2024 – 19.00 ч. /ликовен салон/
*****
* Одбележување 70 години од издавањето на списанието „СТРЕМЕЖ“
* Ликовна работилница со млади таленти
* Театар „Војдан Чернодрински“
Премиера на претставата „Го викаа Господин“
*****
НУЦК „Марко Цепенков“ ќе релизира и дополнителни активности по повод годишнината.