Цените претпразнично го достигнаа „плафонот“

81

Цените предпразнично го допираат плафонот. Екипа на Канал 5 и минатата недела и денеска направи обиколка низ скопските пазари.

За една недела цената за килограм краставица е зголемена дупло. Ако пред неколку дена можеше да се купи за 50 до 60 денари за килограм, денеска граѓаните килограм краставица купуваат по цена од 100 до 120 денари. Од 90 до 150 денари е цената на килограм домат, во зависност од видот на производот. Од 5 до 10 денари има промени и компирот, салатите, пиперката.

„Малце пониско ќе биде тоа, ако си земала 2 кила ќе земеш кило и ќе го тераш денот…“

„Се е покаспаено. Краставички од 50 – 120 денари се…“

„Секогап е така за секој празник, продавачите тука на пазарите дигаат цените…“

„И денеска и еве и пред една недела… Тие си ги менуваат цените еве два три пати идеме…“

Во пресрет на Велигден, скокнаа и цените на јагнешкото месо. Во месарниците и маркетите килограм јангешко се продава по цена од 550 до 650 денари, па велигденската трпеза годинава за многумина ќе помине без традиционалното јагнешко печење. Граѓаните велат согласно домашниот буџет и високите цени трпезата ќе биде поскромна.

„Ем покачено ем го нема…“

„Јагнешко не купувам не знам, а свинското тука е исто …“

„По мене празниците не се да се покаже кој што е како е, туку едноставно скромно да се одбележи…“

„Па ќе гледаме да ја напраиме да личи малку и како прошла година…“

„ Ќе биде поскромно зашто еве пензии нема во банкоматите…. Цените се високи…. “

Инаку вредноста на минималната синдикална кошничка за месец април надмина 60 илјади денари или е за 1 200 денари повисока од март. Според пресметките на ССМ, едно четири члено семејство месечно само за храна и пијалаци троши нешто над 22 илјади денари, вредност што е речиси идентична со една минимална плата во земјава.

Извор: Канал5.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content