Цените „експлодираа“ – Што ја скрои годишната инфлација од 4%?!

63

Инфлацијата на годишно ниво во март изнесувала 4%, а храната во март оваа година била за 3,5 % поскапа во март 2023-та година гледано во однос на истиот месец лани, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика. Од храната, најмногу поскапело овошјето, за 18,4 % на годишно ниво. Ниту зеленчукот не ја промашил двоцифрената инфлација, поскапел за 15 % во однос на ланскиот март. Или доколку јаболките лани биле 40 денари, оваа година се покачиле на 47 за килограм. Кај доматите например пак цената од 100 денари во март лани пораснала на 115 овој март, со што е крената и цената на ранопролетната шопска салата.

Натпросечно покачување на годишно ниво е забележано кај рибите и морските плодови (за 5,5%) и групата слатки работи-шекерот, џемот, медот, чоколадата, кондиторските производи односно кексови и наполитанки (за 5,1%).

Лебот и житата се покачиле за 2% во однос на ланскиот март, а месото и месните производи се покачиле за 2,1%. Во категоријата храна две групи производи бележат намалување на цени на годишно ниво. Зејтинот и мастите поевтиниле за 14,5 % во однос на ланскиот март и големото намалување се должи на тоа што минатата година имаше голем пораст на цените пред се на сончогледовото маслото кое во втората половина на 2023-та се стабилизираше на 70 до 80 денари за литар и оттогаш не се мрднува.

Намалувањето на цената на зејтинот е најголемо во сите катергории (прехранбени, траснспортни и сите останати) регистрирано од статистика. Поевтинување минимално (0,7 %) има кај млекото, сирењето и останатите млечни производи.

Двоцифрено зголемување на цената во периодот март 2023.-март 2024. е „измерено“ и за реновирањето односно мајсторските „Услуги за одржување и поправки на живеалиштето“ сега се поскапи за 14,2%. Големо покачување е измерено и за авиоснките карти кои за една година поскапеле за 15,1 %. Автобуските карти во истиот период поскапеле за 2,9%, додека билетите за и онака ретките возови останале на исто ниво како и во март 2023.

Лековите и фармацевтските производи имаат годишна инфлација од 6,5 %, а најголем пораст на цените е регистриран во категоријата „Домашни услуги и услуги за домаќинствата“, цели 21,1% поскапо чинат услугите за чистење на станови и куќи, како и услугите на куќните помошни(чки)ци.

Во статистиката има и намалени цени на годишно ниво, па така цената на природниот гас за една година се намалила за 8 %. Медиумите за снимање (како картички, хард дискови) се поевтини за 8,8% во однос на лански март. Минимално намалување имаат и течните горива односно бензините, цврстите горива како дрво и јаглен (-4,5%), собирањето на отпадни води, социјални игри, детски играчки и спортска опрема.

Инфлацијата на годишно ниво во март изнесувала 4 %, а храната во март оваа година била за 3,5 % поскапа во март 2023-та година гледано во однос на истиот месец лани, покажуваат анализите на Државниот завод за статистика.

Од храната, најмногу поскапело овошјето, за 18,4 % на годишно ниво. Ниту зеленчукот не ја промашил двоцифрената инфлација, поскапел за 15 % во однос на ланскиот март. Или доколку јаболките лани биле 40 денари, оваа година се покачиле на 47 за килограм. Кај доматите например пак цената од 100 денари во март лани пораснала на 115 овој март, со што е крената цената на ранопролетната шопска салата.

Натпросечно покачување на годишно ниво е забележано кај рибите и морските плодови (за 5,5%) и групата слатки работи-шекерот, џемот, медот, чоколадата, кондиторските производи односно кексови и наполитанки (за 5,1%).

Цената на лебот и житата се покачиле за 2% во однос на ланскиот март, а на месото и месните производи се покачиле за 2,1%. Во категоријата храна две групи производи бележат намалување на цени на годишно ниво. Зејтинот и мастите поевтиниле за 14,5 % во однос на ланскиот март и големото намалување се должи на тоа што минатата година имаше голем пораст на цените пред се на сончогледовото маслото кое во втората половина на 2023-та се стабилизираше на 70 до 80 денари за литар и оттогаш не се мрднува.

Намалувањето на цената на зејтинот е најголемо во сите катергории (прехранбени, траснспортни и сите останати) регистрирано од статистика. Поевтинување минимално (0,7 %) има кај млекото, сирењето и останатите млечни производи.

Двоцифрено зголемување на цената во периодот март 2023.-март 2024. е „измерено“ и за реновирањето односно мајсторските „Услуги за одржување и поправки на живеалиштето“ сега се поскапи за 14,2%. Големо покачување е измерено и за авиоснките карти кои за една година поскапеле за 15,1 %. Автобуските карти во истиот период поскапеле за 2,9%, додека билетите за и онака ретките возови останале на исто ниво како и во март 2023.

Лековите и фармацевтските производи имаат годишна инфлација од 6,5 %, а најголем пораст на цените е регистриран во категоријата „Домашни услуги и услуги за домаќинствата“, цели 21,1% поскапо чинат услугите за чистење на станови и куќи, како и услугите на куќните помошни(чки)ци.

Во статистиката има и намалени цени на годишно ниво, па така цената на природниот гас за една година се намалила за 8 %. Медиумите за снимање (како картички, хард дискови) се поевтини за 8,8% во однос на лански март. Минимално намалување имаат и течните горива односно бензините, цврстите горива како дрво и јаглен (-4,5%), собирањето на отпадни води, социјални игри, детски играчки и спортска опрема.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content