Хронично болните до 23 септември треба да добијат потврда од специјалист

54

Хронично болните имаат рок до 23 септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-Амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на средбата со претставниците на здруженијата на пациенти нагласи дека нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти.

Во земјава вчера беа регистрирани 121 нови случаи на Ковид-19, и тоа во Скопје-33, Охрид-11, Крива Паланка-девет, Куманово-осум, Штип, Тетово, Струга и Битола по шест, Кочани-пет, Кавадарци и Гостивар- по четири, Велес, Гевгелија, Струмица и Делчево по три, Свети Николе и Прилеп по два, Радовиш, Крушево, Македонски Брод, Берово, Валандово, Виница и Кичево по еден случај.

Оздравеа 142 пациенти од Скопје-50, Куманово-32, Гостивар-12, Прилеп-11, Штип-седум, Тетово и Струга по четири, Велес, Охрид, Кавадарци, Струмица, Берово, Виница, Делчево и Кичево по двајца, Гевгелија, Радовиш, Кочани, Македонски Брод, Кратово и Свети Николе по еден пациент.

Три лица починаа, двајца пациенти од Прилеп на 63 и 83 години и еден пациент од Струга на 60 годишна возраст. Сите се починати во болнички услови.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content