Хеликоптерите „под лупа“ на Антикорупциска

44

За два тендера и уште 13 други предмети поврзани со изборите Комисијата за спречување на корупција отворила предмети. Некои се по допрен глас, други по пријава. Законите регулираат што (не) смее да се прави од кога ќе се распишат изборите па додека завршат, но правилата вешто се заобиколуваат.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредна 230 милиони евра и за набавката 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство, потврди Татјана Димитровска, претседателка на комисијата, за Радио Слободна Европа.

„Отвораме предмети на сопствена иницијатива, по допрен глас од медиумите, за актуелни случаи пред избори. Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска.

Овие предмети се поврзани со забрани за тоа што смеат, а што не смеат да прават функционерите и институциите по 14 февруари, денот кога претседателот на Собранието, Јован Митрески, ги распиша претседателските и парламентарните избори закажани за 24 април и за 8 мај.

Забраните се определени во Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата и ги регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања….

Реакции во јавноста предизвика и тендерот на Службата за општи и заеднички работи, со кој Владата планира да потроши 1,6 милиони евра за изнајмување 45 нови автомобили. Понудите треба да се отворат на 27 март, поради што овој тендер засега не е на „радарот“ на Антикорупциска комисија.

повеќе.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content