Хан ни ја отвораше вратата кон ЕУ ако го смениме името, Фон дер Лајен прозорецот ако ги внесеме Бугарите во Устав
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дојде и си замина од Скопје. Следна станица беше Приштина, па Сараево , Белград и од Србија ќе си го фати патот за Брисел.
Секаде носеше различни пораки па така кај нас ни порача дека мора да го смениме Уставот, на властите во Приштина дека мора да ја формираат Заедницата на српските општини, а на Србија дека мора да го признае Косово. Многу желби малку суштина.